Во писмото пронајдено во куќата на убиецот во областа Грац-Умгебунг, Артур А. напишал дека се чувствувал малтретиран, пренесуваат австриските медиуми.
Писмото го пронашла полицијата, но оттаму одбиваат да дадат информации за мотивот бидејќи, како што велат, сè уште се потребни обемни кривични истраги.
Артур А., утрово во Грац го изврши најсмртоносниот напад во Австрија по Втората светска војна.
Попладнето ште една жена почина во болница од здобиените повреди, со што бројот на загинати порасна на 11, вклучувајќи го напаѓачот, кој извршил самоубиство во тоалетот на училиштето.
Во нападот загинаа и ученици од 5-то и 8-мо одделение, меѓу кои се две девца од БиХ и едно девојче од Косово.
Австрискиот весник „Кронен цајтунг“ пишува дека истражителите кои го пронашле писмото во куќата на 21-годишниот убиев сметаат дека нападот бил однапред испланиран.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
