Во периодот јануари – октомври 2025 година вкупниот број на туристи е зголемен за 5,4% во однос на истиот период лани, а зголемен е и вкупниот број на ноќевања за 0,6%, соопшти Државниот завод за статистика.
Во октомври земјава ја посетиле година 109.535 туристи кои оствариле 204.718 ноќевања
Кај домашните туристи е забележано намалување за 2,3%, а кај странските зголемување за 9,3%. И во однос на ноќевањата, кај домашните туристи има намалување за 4,2, а кај странските зголемување за 6,4%.
Во октомври 2025 година, од вкупниот број туристи 21,8% биле домашни, а 78,2% странски. Бројот на ноќевањата во октомври 2025 година изнесува 204.718, од кои 29,1 отсто се од домашните туристи, а 70,9% од странските.
Најмногу странски туристи во октомври 2025 дошле од Турција (18.678), Германија (12.558), Србија (6.154) и Грција (3.781).



























