Во очекување е првата трансплантација на црн дроб од жив дарител

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Трансплантација на црн дроб од жив дарител на Дигестивна хирургија, реконструкција на дојка на Торакална и пластика, потоа скрининг на крвта за западно-нилска треска, но и баријатрична хирургија за екстремен обезитас, а ГОБ „8 Септември“ да стане регионален центар, беше најавено на денешната презентација на годишниот план за 2025 година за финансирање специјалистичкo-консултативна здравствена заштита во приватните и јавните здравствени установи во просториите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во Скопје.

– На Дигестивна хирургија во Скопје течат подготовките за прва трансплантација на црн дроб од жив дарител, планираме 10 трансплантанции, тоа е во условен буџет бидејќи ќе платиме толку трансплантации колку што ќе се направат. Досега за ова осигурениците ги упатувавме на лекување во странство. Ќе дозволиме и правење баријатрична хирургија за екстремен обезитас бидејќи тој потоа води во други здравствени проблеми – посочи Клековски.

Директорот најави дека Урологија повторно ќе има трансплантација на бубрези, откако центарот беше затворен.

– Сакаме да поттикнеме повеќе трансплантации за да го намалиме бројот на пациенти на дијализа – истакна директорот на ФЗО.

Тој рече дека ќе се дозволи и вградување протези на Урологија. Првпат на Радиологија ќе се направи стентирање периферни крвни садови.

На Торакална и пластика ќе се работи реконструкција на дојка, што е уште една новост.

– Зголемувањето на Педијатрија е заради очекуваниот зголемен опфат на болни со цистична фиброза. Во преговори сме да ја спуштиме границата на децата кои се третираат со „трикафта“. Според протоколите, сега се шест години, ние ги третираме од дванаесет. Во преговори сме со производителот, со обезбедување позначаен попуст, да ги обезбедиме сите пациенти спрема возраста каде веќе има медицинска индикација, да се дава „трикафта“ – посочи директорот на ФЗО.

Share This Article