Студенти, кои ги блокираа белградските факултети, и групи граѓани денеска околу 11:00 часот го блокираа мостот Газела пред Сава центар по повод 100 дена од падот на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад, кога животот го загубија 15 лица, објави српски Курир.
Автопатот е блокиран во двата правца, а собирот го обезбедува полицијата. Блокадата ќе трае до 18 часот.
Како што јавија медиумите, новосадските студенти започнаа тричасовна блокада на 3 раскрсници во тој град, која треба да трае до 14 часот.
Блокирани се крстосниците на улиците Партизанска и Темеринска, булеварите Европа и Руменачка, како и Иришки пут, на кривината на која врти автобусот 72.