Background

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Во периодот од 01.01.2026-31.01.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 15.943 издадени платни налози, 3.683 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

- Advertisement -
Ad image

Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 74 лица, од кои 67 за возење под дејство на алкохол, еден поради возење под дејство на дрога и психотропни супстанци или прекурсори, еден возач поради возење во забранет правец, еден за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, четири за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на месец јануари евидентирани се 4.233 прекршоци за неправилно паркирање, 1.611 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 474 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 16 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 184 пешаци и еден возач на електричен тротинет. Исто така санкционирани се 1.093 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 310 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 141 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 90 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии), а еден возач поради неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата (флешери).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation