Во Хрватска е потврден изолиран случај на лепра, хронична заразна болест

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Хрватска е потврден изолиран случај на лепра, хронична заразна болест, соопштија надлежните здравствени служби.

Станува збор за странски работник, а надлежните уверуваат дека ситуацијата е под контрола и дека нема причина за паника. Последниот случај на лепра во Хрватска бил регистриран во 1993 година.

Пациентот со симптоми на лепра се пријавил кај епидемиолозите во Сплит пред десетина дена. Случајот го потврди и раководителот на Службата за епидемиологија на заразни болести при Хрватскиот завод за јавно здравство (ХЗЈЗ), Бернард Каиќ.

– За ова не се зборуваше ниту пишуваше, бидејќи беше откриено навреме. Човекот се лекува, неговите блиски контакти добија пост-експозициска терапија, тие дури и не се заразени. Се дава профилактика и се следи состојбата, а ситуацијата е под контрола – изјави Каиќ.

Од Министерството за здравство појаснија дека станува збор за странски работник од Непал, кој веќе две години живее со семејството во Хрватска.

Лепрата се пренесува главно по пат на капки, со кашлање или кивање, а за зараза е потребен долготраен контакт со заболениот.

Епидемиологот Каиќ објаснува дека лепрата се манифестира со кожни промени и оштетување на нервите, поради што луѓето губат осет.

– Но, слично како и туберкулозата, која исто така е хронична болест, и лепрата може да се излечи – лекувањето трае долго, од шест до 12 месеци, со примена на повеќе видови лекови, но е излечива. Не е тоа некој голем баук – нагласи тој.

Во Хрватска се чека на регулатива иницирана од ХЗЈЗ, која би го условила работењето на странските работници со доставување доказ за вакцинација со основни вакцини важни за колективниот имунитет. Се работи и на воведување прегледи за одредени болести кои ги нема во Хрватска, со цел нивно навремено откривање и спречување на ширењето.

- Advertisement -
Ad image

Случај со заразена жена во Романија

Во Романија е потврден првиот случај на лепра по повеќе од четириесет години, додека уште три лица се под сомнеж за зараза. Станува збор за четири жени од азиско потекло вработени како масерки во спа-центар во Клуж-Напока.

Здравствените власти во Романија веднаш реагираа со затворање на спа-центарот и спроведување целосна дезинфекција и епидемиолошка истрага. Пациентката со потврдена дијагноза веднаш започнала со лекување според препораките на СЗО. Последниот случај на лепра во Романија бил регистриран во 1981 година.

- Advertisement -
Ad image

Лепрата, позната и како Хансенова болест, е хронична заразна болест предизвикана од бактеријата Mycobacterium leprae.

Најчесто ги зафаќа кожата и периферните нерви, а доколку не се лекува, може да доведе до трајно оштетување. Иако со векови беше синоним за стигма и изолација, денес лепрата успешно се лекува со комбинација на антибиотици и се смета за излечива болест.

Share This Article