Топ Вести - Слушај сега
Во екот на војната на Блискиот Исток и нападите врз објекти во Обединетите Арапски Емирати се актуелизира прашањето на имотите на македонските државјани таму и посебно на македонски фирми кои работат во Дубаи.
Нема официјални податоци за тоа колку македонски фирми работат во Дубаи и колку Македонци поседуваат недвижнини таму.
Последен податок кој е објавен е оној кој го соопшти владината прес служба лани за време на посетата на владина делегација предводено од премиерот Христијан Мицкоски во емиратите. Тогаш беше соопштено дека 52 компании се регистрирани во Стопанската комора на Дубаи, а 5 од нив се регистрирани на почетокот на 2025 година.
Но, тогаш не беше кажано со што се занимаваат овие фирми кои се нивните сопственици и колкави се нивните приходи.
Истражување, пак, на норвешкиот финансиски центар Е24 објавено во 2022 година посочува дека 45 македонски државјани во 2020 година биле сопственици на 55 имоти во Дубаи. Вредност на овие имоти тогаш изнесувала 14 милиони долари.

Од соседството, како што се наведува во истражувањето, помалку од пет државјани на Косово имаат „помалку од пет имоти“, во вредност од еден милион евра. Во вкупна вредност пак од 7 милиони долари, 17 државјани на Албанија поседуваат вкупно 19 имоти. Најмногу имоти во Дубаи, од регионот има Србија, вкупно 287 кои се во сопственост на 237 луѓе, а нивната вредност е 74 милиони евра.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
