Background

Во август е забележано значително забавување на месечната стапка на инфлацијa и истата изнесува 0,2%. За споредба, во јули, месечната стапка на инфлација изнесуваше 1,1%

Во август е забележано значително забавување на месечната стапка на инфлацијa и истата изнесува 0,2%. За споредба, во јули, месечната стапка на инфлација изнесуваше 1,1%.

Месечната стапка на инфлација на храната и безалкохолните пијалоци изнесува 0,6% при што забележано е намалување на трошоците на живот за повеќе групи на производи како што се рибата и морските плодови од 0,9%, маслата и мастите од 0,1%, овошјето од 1,5%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи од 0,2%, останати прехрамбени производи од 0,9%, потоа mинералната вода, безалкохолните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук од 1,1%, Кафето, чајот и какаото од 0,2%.

Малиот месечен раст на индексот на трошоци на живот за храната и безалкохолните пијалоци е резултат  на растот на цените на зеленчукот, од 4.9%, тренд присутен подолг период во целиот регион главно поради добро познатите состојби на намалени приноси и понуда поради понеповолните временски услови.

- Advertisement -
Ad image

Намалување на трошоците на живот на месечна основа во август е забележано и кај облеката и обувките од 0,6%, здравствената заштита од 0,1%, транспортот од 3,1%, образованите од 0,1%.

Tрошоците останале на исто ниво во групите Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива и кај Комуникациите.

На годишна основа, стапката на инфлација исто така забавува при што во август е на пониско ниво споредбено со инфлацијата во јули. (Во август изнесува 4,4%, за потсетување, во јули изнесуваше 4,8%).

Годишната стапка на инфлација на храната има не-растечки тренд (изнесува 5,4%, за потсетување во јули изнесуваше 6%) водена пред се од повисоките цени на овошјето поради намаленото домашно производство и повисокиот увоз.

Забавување на годишната стапка на инфлација во август, во споредба со јули, е забележана кај повеќето групи на производи.

Годишната стапка на инфлација со исклучени компоненти од храна и енергија (базична инфлација) исто така забавува и во август е на пониско ниво споредбено со јули. На месечно ниво, базичната инфлација бележи намалување односно (i) месечна инфлација со исклучени енергија, течни горива и мазива и храна за 0,2%, (ii) Месечната инфлација со исклучени енергија, течни горива и мазива и непроцесуирана храна за 0,1%, (iii) Месечната инфлација со исклучени енергија, течни горива и мазива и непроцесуирана храна, тутун и алкохолни пијалоци исто така е намалена за 0.1%.

– Многу е значајно дека ние денес зборуваме за забавување на вкупната инфлација, забавување на базичната инфлација и за намалени трошоци на живот на месечна основа кај повеќе групи на производи. Ова се јасни, првични сигнали дека процесот на дезинфлација е започнат и убеден сум дека истиот ќе продолжи а инфлацијата постепено ќе се врати на посакуваните 2% – вели експерт.

Како резултат на економските мерки и политиките на Владата, денес сме сведоци на забрзување на економскиот раст, забавување на инфлацијата, пад на невработеноста и раст на доходот на граѓаните (за потсетување, во првата половина на 2025 година, на годишна основа е забележан реален раст на просечната плата за 5.8%). Нашиот економски модел води кон целосна трансформација на Македонија и подобрување на животниот стандард за граѓаните. Приоритет и цел е да обезбедиме поквалитетен живот за сите граѓани, иднина и просперитет на Македонија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation