Топ Вести - Слушај сега
Ноќеска и рано изутринава полицијата спроведе акција на повеќе локации низ државата, при што се приведени повеќе од десет лица. Меѓу нив има и поранешен директор, лице кое во минатото било високо етаблирано во структури поврзани со ДУИ. Станува збор за Бујар Дарлишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги.
Бујар Дардишта е кадар на ДУИ, кој во изминатите години извршувал повеќе раководни функции во државната администрација. Најпознат е по мандатот како директор на Управата за водење на матични книги, институција која беше во фокусот на јавноста поради сериозни забелешки за начинот на работење и издавањето документи без целосна евиденција. Подоцна беше именуван и за управител во ЕСМ Дистрибуција, дел од државниот енергетски сектор. Во јавноста се перципира како партиски кадар на ДУИ кој раководел со чувствителни институции од системот, без да биде меѓу најекспонираните политички фигури на партијата.
Акцијата на полицијата започнала во текот на ноќта меѓу 17 и 18 декември 2025 година од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР, во координација и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Според досегашните информации, станува збор за сузбивање на организирана криминална група осомничена за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал.
По претходно обезбедени судски наредби, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје и во Куманово. Неофицијално, при претресите до сега се пронајдени и одземени пари во различни валути, мобилни телефони, лаптопи, хард дискови, како и финансиска и друга релевантна документација.
Во моментот, според неофицијални информации, во тек се претреси и во два правни субјекти на подрачјето на Скопје и на Куманово. Повеќе детали од полицијата се очекуваат во текот на денот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
