Во 2024 година Грција ја посетиле речиси 36 милиони туристи. Тоа е за 9,8 отсто повеќе споредбено со една година претходно. Зголемени се и приходите од туризмот, со што минатата година е рекордна за грчкиот туризам, според податоците на Банката на Грција.
Поконкретно, за 12 месеци бројот на туристи во земјата изнесува 35.951.400, наспроти 32.735.200 во 2023 година.
Приходите за Грција изнесуваат 21,7 милијарди евра и се зголемени за 5,4 проценти. Зголемувањето се должи и на зголемувањето на приходите од жителите на земјите од Европската Унија за 7 отсто и од жителите на другите земји за 0,8 проценти.
Зголемување на приходите има од туристите Германија (за 3,5 отсто), од Италија (за 13,6 проценти), од САД (за 15,1 отсто), додека намалување има од посетителите од Франција (за 11,4 проценти) од Велика Британија (3,7 отсто) и од Русија (за 50,8 проценти).
Во однос на бројот на туристи, пораст има и на бројот на посетители од земјите на ЕУ (за 11 проценти) и од останатите земји (за 8,1 отсто).
Патничкиот сообраќај преку аеродромите бил зголемен за 10,7 отсто, а преку копнените гранични премини за 8,9 проценти.