Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски истакна дека минатата година беше успешна, имаше берба со над 120 милиони килограми македонско грозје. Тој очекува оваа година да биде уште поуспешна година затоа што се работи на системите за наводнување, за да има навремена количина на вода, системите се санираат за да бидат во полна функција.
– Општина Неготино, заедно со Демир Капија, има над 3.850 регистрирани земјоделски стопанства во Регистарот, а располага со повеќе од 8.000 хектари обработлива земјоделска површина. Најголем дел од производството е насочено кон лозарството, по што овој регион е препознатлив – истакна министерот на средба со лозари и земјоделци во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“.
Министерот Трипуновски додаде дека целта на посетата е директна комуникација со земјоделците, како и презентирање на актуелните политики на министерството. Тој истакна дека ваквите средби се клучни за креирање на идните политки во агросекторот.
– Знаете дека се наоѓаме во делот на Тиквешијата, регион што е познат по квалитетот на македонското грозје. Регион каде што се произведува македонско квалитетно вино, кое е барано надвор од нашите граници – појасни министерот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
