Background

Владата планира мандатот да го заврши со БДП од 20 милијарди долари

Домашниот бруто производ по жител идната година номинално ќе надмине 10.000 долари, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашање поставено денеска на  увидот на градежните работи на проектот градски воз.

Тој рече дека очекува растот на реалниот домашен бруто-производ да биде над 3,5% годинава, а на номиналниот повеќе од 7,5%.

– Ќе се приближиме до целта на оваа Влада, а тоа е до крајот на мандатот да имаме домашен бруто производ од 20 милијарди долари. Таа бројка ќе ја стигнеме веќе следната година и оваа година за прв пат номиналниот домашен бруто – производ по глава на жител ќе имаме петоцифрена бројка во долари. Односно, над 10.000 долари ќе биде домашниот бруто-производ по глава на жител –  рече Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

Тој додаде дека со тоа стратешките цели планирани до крајот на мандатот на владата ќе бидат реализирани уште следната година.

– Што е добро и охрабрувачки. Тоа е практично и дел од извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата, но исто така и сите меѓународни финансиски институции ги нивелираат и ги зголемуваат прогнозите и проекциите за раст на економијата во државата – рече Мицкоски.

 

Мицкоски и денеска повтори дека во октомври инфлацијата ќе биде нешто над трендот изминатите месеци, односно дека ќе се движи меѓу 4 и 4,5% поради ниската база во минатата година предизвикана од владините мерки за цени.

-Но, потоа очекувам пристојно намалување во ноември и во декември, така што просечната годишна стапка на инфлација оваа година ќе заврши меѓу 3,5 и 4%, што е една од најниските во Европа и во регионот – рече Мицкоски.

Тој очекува следната година нивото на инфлација да се движи меѓу 2 и 3%.

Номиналниот домашен бруто производ (БДП) лани, според Државниот завод за статистика  изнесуваше 17,2 милијарди долари.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation