Владата планира да набави 3.000 тони оризова арпа за стоковите резерви, откако претходно со измени на законот и оризот се вброи во производите кои се чуваат во државни резерви. Повикот за набавка на овие количини ќе биде објавен наскоро, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
-Агенцијата за стокови резерви ги има направено сите подготовки и измена на Правилници – рече Трипуновски.
Трипуновски рече дека ова значи дека македонски производ ќе се чува во стокови резерви, но исто така значи и регулација во делот на откупот ориз.
-Во делот на набавката на стоковите резерви, како држава размислуваме да се направи одредена измена меѓутоа кога ќе биде веќе согледано кое е најдоброто решение ќе биде запознаена јавноста. Важно е стоковите резерви да се полнат со македонски производи – рече тој.