Владата одлучи целосно да го ослободи увозот на стоки од САД

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од 1 јули треба да стапат на сила нови пониски царински стапки за увозни производи и репроматеријали за автомобилска, металопреработувачка индустрија и енергетиката усогласени со царините на Европската Унија. Ова го предвидува Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за Царинска тарифа кој поминал на владина седница.

Предлогот е веќе испратен на усвојување во Собранието и се очекува да биде навреме донесен за да стапат на сила веќе наредниот месец.

Станува збор за 67 стоки кои како суровини или репроматеријали се користат во нашите индустриски капацитети, особено во секторите на автомобилската, метало-преработувачката индустрија, металургијата и енергетиката, односно одделни производи потребни за производство на високо финални производи со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија

Пресметката е дека земјава годишно ќе губи вкупно 2 милиони евра од намалените царински стапки на овие 67 производи. Целосното усогласување на церинските стапки со ЕУ вкупно ќе има финансиски имликации од 4 милиони евра годишно. За годинава, заедно со ослободувањето од царините на стоките увезени од САД  во буџетот ќе влезат помалку 4,7 милиони евра.

Димитриеска Кочоска даде пример за тоа што значи намалување од 50% на царинската стапка на производите.

– Тоа е  50% од разликата на нашата царинска стапка со европската или пластично објаснето ако нашата царинска стапка е 20%, а царината на Европската Унија е 10%, тогаш новата царинска стапка ќе изнесува 15% – информира министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Таа додаде дека царинската стапка на литиум јонски батерии ќе се намали од  15% на 2,7%.

–  Со што директно помагаме во енергетскиот сектор. Ова, од причина што батериите стануваат клучен елемент во балансирањето на енергијата, системските услуги како и во планирањето на предавањето во мрежа на енергијата од обновливи извори на енергија со цел одржување на стабилноста на системот, но и осигурување на физибилноста на обновливите проекти – рече Димитриеска Кочоска.

Во рамки на измените на царинските стапки, владата предлага целосна либерализација на  увозот на стоки од САД.

- Advertisement -
Ad image

– САД се стратешки партнери на нашата земја и соработката со нив е значајна од секој аспект поради што Владата e пoдготвена да го прошири и продлабочи блиското партнерство помеѓу двете земји што се заснова на заеднички цели, интереси и вредности и да воспостави трајна соработка врз основа на заемен интерес – нагласи  Димитриеска – Кочоска.

Таа додаде дека разговорите со САД се во тек, па за тоа дали ќе има реципроцитет од стана на САД дополнително ќе информира Министерството за надворешни работи.

Според неа, измените на царинските стапки и изборот на стоките се направени во координација со стопанските комори и во рамки на процесот за усогласување на царинските стапки со Европската Унија.

- Advertisement -
Ad image

-Приоритет на оваа Влада е да креираме политики со кои ќе  создадеме поволно и предвидливо бизнис окружување за сите компании, вклучително и за домашните и странските компании и на таков начин да изградиме силна економија – рече Димитриеска-Кочоска.

Share This Article