Background

Владата не размислува да забрани социјални мрежи за малолетници до 15 години

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека Владата во моментов не размислува за ограничување на пристапот до социјалните мрежи за малолетници до 15 години, оценувајќи дека таквата мерка би била премногу радикална и би значела мешање на државата во основните права и слободи на граѓаните.

- Advertisement -
Ad image

Одговарајќи на новинарско прашање на настан во Прилеп, организиран по повод Денот на побезбеден интернет, Андоновски посочи дека иако во некои европски земји се водат дискусии за вакви ограничувања, во Македонија засега фокусот е ставен на превенција и родителска контрола. Тој потсети дека минатата година, во рамките на едукативен проект, во училиштата биле претставени алатки со кои родителите можат да контролираат кои апликации ги користат нивните деца, колку време поминуваат на интернет и какви содржини следат.

Според министерот, целта е родителите да ја задржат контролата врз користењето на дигиталните уреди, наместо државата да воведува забрани што би можеле да се протолкуваат како мешање во приватниот живот на семејствата. Сепак, тој нагласи дека постои можност за отворање поширока јавна дебата доколку родителите покажат поголем интерес или загриженост за ова прашање, вклучително и преку јавна расправа или анкети.

Андоновски додаде дека законски измени не се исклучени, но предупреди дека забраните треба да бидат последна мерка, бидејќи носат ризик од ограничување на слободата на говор и изразување. Како приоритет, тој ги посочи едукацијата, превенцијата и родителскиот надзор.

Во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на побезбеден интернет, во прилепското основно училиште „Кире Гавриловски – Јане“ беше организиран настан со кој се заокружува проектот за воспоставување Центар за побезбеден интернет во Македонија, поддржан од програмата „Дигитална Европа“ и Европската Унија. Центарот ќе обезбеди линија за поддршка на млади, родители и наставници за полесно справување со предизвиците на интернет-просторот.

Според најавите, за околу еден месец се очекуваат конечните резултати од проектот вреден 600 илјади евра, по што се планира и втора фаза со поддршка од Европската Унија во вредност од околу еден милион евра.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation