Косовската Влада синоќа ја одржа 246-та електронска седница на која беше донесена само една одлука – за експропријација на недвижен имот во општина Подуево.
Според официјалното соопштение, се работи за одлука за експропријација од јавен интерес, поточно за потребите на царинскиот терминал Мердаре.
Во кусото соопштение не се наведуваат детали за тоа кој недвижен имот е предмет на експропријација, туку само се прецизира дека се работи за конечна одлука.
Исто така, не беа презентирани натамошните чекори, како и роковите за спроведување на оваа одлука.
Во непосредна близина на преминот Мердаре веќе со години има царински терминал. Тој е еден од најфреквентните на Косово, особено од октомври минатата година, кога косовската влада ја укина забраната за влез на српска стока и тоа само на овој премин. Оттогаш на овој царински терминал се вршат детални рачни контроли на камиони.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
