Владата го испраќа нефрологот Игор Николов во Париз

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Еден од советниците кој имаше полно работно време како мој советник е проф. д-р Игор Николов, кој ме советуваше за здравствената политика, а чијшто договор наскоро ќе биде прекинат затоа што вчера беше предложен од Владата за амбасадор во Франција.

Ова на денешната прес-конференција го објави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека имињата на сите негови советници ќе бидат јавно објавени на владиниот портал.

– Сите податоци наскоро ќе бидат јавно достапни за граѓаните – кратко искоментира премиерот.

Тој посочи дека го советуваат вкупно 17 луѓе.

– Сите тие земаат плата од 60.000 денари, само тројца или четворица кои се ангажирани со цело работно време  ќе земаат плата од 90.000 денари – рече Мицкоски.

Share This Article