Background

Владата доволно прави за евроинтеграциите, покажува анкетата на „Омнибус“

Во периодот од 18 до 21 февруари 2025 година, во рамките на платформата „Омнибус“ беше спроведена телефонска анкета на репрезентативен примерок од 1.150 испитаници од целата територија на Македонија.

Анкетата беше насочена кон мерење на јавното мислење на граѓаните за процесот на евроинтеграции на Македонија, нивните ставови кон Европската унија, клучните предизвици и перспективите за иднината на државата во европското семејство.

Целта на истражувањето, како што велат од „Омнибус“, беше да се добијат релевантни податоци за перцепциите и искуствата на граѓаните во однос на пристапниот процес, оценката на ЕУ како партнер и факторите што влијаат врз динамиката на интеграцијата.

- Advertisement -
Ad image

Анкетата беше дизајнирана да обезбеди анонимни одговори, гарантирајќи искреност и точност во резултатите.

Прашањата во анкетата беа формулирани така што ќе овозможат систематски увид во јавното мислење, покривајќи различни аспекти на евроинтеграциите.

Вклучени беа:

  • квантификативни прашања со скали за мерење на ставови (на пример, од 1 до 5);
  • дихотомни прашања (да/не);
  • перцептивни прашања за тоа како граѓаните ја оценуваат моменталната состојба и идниот развој на односите меѓу Македонија и ЕУ.

Овие методолошки пристапи овозможија детална анализа на трендовите, разликите во перцепциите и клучните фактори што влијаат врз јавното мислење.

Резултатите од анкетата покажуваат дека мнозинството граѓани се скептични во однос на евроинтеграциите, истакнувајќи го влијанието на политичките пречки, барањата на одредени земји-членки и двојните стандарди на ЕУ во процесот на проширување. Испитаниците посочуваат дека, иако влезот во ЕУ останува стратешка цел, нееднаквиот третман на Македонија и честите блокади го намалуваат нивниот ентузијазам за процесот.

Граѓаните идентификуваат дека ЕУ се соочува со внатрешни проблеми што се пренесуваат на регионот, а значителен дел од испитаниците сметаат дека наместо европеизација на Балканот, се случува балканизација на Европа. Довербата во европските институции останува на релативно ниско ниво, а значителен број од граѓаните ја доведуваат во прашање искреноста на европските политики кон регионот.

Овие сознанија можат да послужат како основа за анализи и дискусии за иднината на македонскиот евроинтеграциски процес и можните стратегии за надминување на предизвиците што произлегуваат од него, велат од „Омнибус“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation