Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со којшто економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со којшто економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари (6,09 милијарди евра) , а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари (6,73 милијарди евра), додека проекцијата за капиталните инвестиции е на износ од 40,5 милијарди денари (650 милиони евра).

-Капиталните проекти треба да бидат главен двигател на економскиот раст следната година, а позитивен раст се очекува и од приватните инвестиции со уште позабрзано темпо имајќи го предвид интересот за поволната кредитна линија за компаниите, како и приватната потрошувачка поддржана од растот на платите и пензиите – рече Димитриеска Кочоска.

Таа нагласи дека Предлог буџетот за 2026 година ги опфаќа сите клучни политики што ќе се спроведуваат во наредниот период, со јасна цел – забрзување на економскиот раст, паралелно со постепена фискална консолидација.

Фискалната политика за 2026 година, потенцираше, ќе биде насочена кон одржување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност.

– Ќе продолжиме со мерки за намалување на сивата економија и зголемување на наплатата на буџетските приходи. Буџетот ќе се темели на реални проекции – приходите ќе се планираат според реалните можности, а расходите ќе бидат насочени кон стратешки приоритети. Ќе продолжи постепената фискална консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии, со цел поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства. Ќе се намалуваат несуштинските расходи, а поддршката за граѓаните и стопанството ќе се спроведува по јасни критериуми и со засилен мониторинг – рече министерката за финансии.

Share This Article