Background

Вкупно13,5 милиони евра од нив се грант на Светска банка

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Земјава доби грант од 13,5 милиони евра од Светска банка за воведување интелигентен транспортен систем (ITS) на Коридорот 10, од граничниот премин Табановце до јужната клучка Велес,  што вклучува и поддршка за воспоставување и опремување на национален центар за управување со сообраќајот со потребните ITS системски решенија за Коридорот 8 и Коридорот 10, вклучително и за кракот 10д.

- Advertisement -
Ad image

Активностите се реализираат во рамки на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, чија вкупна вредност е 26,2 милиона евра. Проценетата инвестициска вредност на оваа компонента е 29,9 милиони евра од кои 13,56 милиони евра се грант за кои е потпишан Договорот и 16,4 милиони евра се дел од заемот од Светска банка.

Проектот го имплементира Министерството за транспорт.

Договорот за грант го потпишаа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и директорката на Светска банка за РС Македонија Карол Межеван.

Проектот предвидува воспоставување систем за собирање податоци за протокот на сообраќај; систем за следење на тежината во движење (WIM); елементи за контрола на висината на возилата што пристапуваат до автопат; систем за собирање податоци за временските услови на трасата на автопатот и систем за следење на транспортот на опасни материи (HAZMAT).

– Ова е една од компонентите од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан чија крајна цел е зголемена ефикасност на транспортот во РС Македонија и во регионот. Тоа е особено важно во унапредувањето на патната инфраструктура, што како Влада ни претставува значаен приоритет, а самиот Проект ќе овозможи олеснување на трговијата и намалување на трошоците на економските субјекти – рече Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека Владата работи на полето на подобрување на економските услови во целина, а сѐ со цел постигнување позабрзан економски раст.

-Инвестирањето во модерна патна инфраструктура и транзитни коридори е од витално значење за растот на Северна Македонија, поточно за зајакнување на вредносните синџири, отворање пазари, намалување на трошоците за бизнис и привлекување странски инвестиции. Овие подобрувања ќе ѝ помогнат на земјата и во создавањето работни места и во градењето конкурентна, отпорна економија. Оваа иницијатива е клучна за реформите за пристапување на земјата во ЕУ и е во согласност со законодавството на ЕУ и Стратегијата за одржлива и паметна мобилност на Западен Балкан – рече Карол Межеван.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation