Вистинска драма се одвивала на Јадранот, кога во хрватскиот град Макарска се запалил туристички брод, објави српски Телеграф.
Пожарот избувнал на туристичкиот брод во 8:20 часот. Според пишувањата на локалните медиуми, повредени се 2 лица, кои побарале лекарска помош.
Според првичните информации, пожарот избувнал во кујната на бродот, но со брза интервенција бил брзо локализиран.
Во тек е увид за да се утврдат сите околности околу инцидентот.
Во овој момент нема повеќе детали за тоа како точно избувнал пожарот, ниту кои се повредените лица.
Исто така, не е познат ниту степенот на нивните повреди, ниту колку лица имало на бродот во моментот на инцидентот.