Обединетите нации се сериозно загрижени поради „фундаменталната промена“ во насоката на американската политика, изјави Високиот комесар за човекови права, Фолкер Тирк.
Без да го спомне директно претседателот на САД, Доналд Трамп, Тирк истакна дека „на парадоксален начин, политиките, кои имаат за цел заштита од дискриминација, сега се квалификуваат како дискриминаторски“.
– Напредокот во родовата еднаквост е запрен, а изјавите, што поттикнуваат поделби, создаваат страв. Со децении, САД имаа двопартиска поддршка за човековите права. Сега сум длабоко загрижен за радикалната промена на курсот, како на национално, така и на меѓународно ниво – предупреди тој во обраќање пред Советот за човекови права на ОН.