Background

Високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк ги оцени американските напади врз пловни објекти осомничени за шверц на дрога како „недозволиви“ и како кршење на меѓународното право

Високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк ги оцени американските напади врз пловни објекти осомничени за шверц на дрога како „недозволиви“ и како кршење на меѓународното право.

„Овие напади и растечкиот број на човечки жртви се недозволиви“, се вели во изјавата на Турк, која ја прочита неговата портпаролка Равина Шамдасани на прес-конференција во Женева.

„САД мора да ги запрат нападите и да ги преземат сите неопходни мерки за да спречат вонсудски убиства на луѓе кои се наоѓаат на тие пловни објекти, за какви било криминални дејствија да се осомничени“, додаде високиот комесар на ОН за човекови права.

- Advertisement -
Ad image

Шамдасани истакна дека високиот комесар веќе го покренал прашањето директно пред американските власти. Портпаролката додаде дека Турк повикува на итно спроведување истрага за американските напади.

Воената операција на САД започна на почетокот на септември. Првите напади беа извршени во Карипското Море, а потоа беа погодени и пловни објекти во источниот дел на Тихиот Океан.

Според последните податоци, во нападите се убиени над 60 лица.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја оправда операцијата, посочувајќи дека САД учествуваат во „воен конфликт“ со наркокартелите. Трамп ги прогласи членовите на криминалните банди за борци кои го кршат законот и се повика на истите правни овластувања врз основа на кои владата на Џорџ В. Буш ја започна војната против тероризмот.

Шамдасани нагласи дека, според Турк, „воздушните напади на САД против пловни објекти во Карипското Море и Тихиот Океан ги кршат меѓународните закони за заштита на човековите права“.

Таа во врска со објаснувањата на САД, подвлече дека одамна е постигната меѓународна согласност дека борбата против незаконскиот шверц на дрога е прашање на спроведување на законот, регулирано со „внимателни ограничувања“ на употребата на смртоносна сила.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation