Францускиот актер Винсент Касел стана татко по четврти пат. Касел (58) и неговата девојка, 28-годишната манекенка Нара Баптиста добија син.
Касел ова го објави на Инстаграм, а судејќи по фотографијата на момчето му го дадоа името Каетано, пренесува „Венити фер“.
„Погодете кој е роден на 7 јануари 2025 година. Тој е веќе паметен, полн со здравје, љубов и поезија. Најголемиот фраер досега“, напиша 58-годишниот актер во објавата.
Двојката ја прослави својата прва годишнина пред еден месец.
Винсент се раздели од сопругата, 27-годишната манекенка Тина Кунаки, на почетокот на 2023 година, а со Нара се зближи откако се допишувале на Инстаграм и почнале да го поминуваат времето заедно во Рио.
Нара е родена во Бразил, а на 18-годишна возраст се преселила во Квинсленд, Австралија. Во 2020 година, таа беше финалистка на австралискиот натпревар за Мис Универзум. После тоа потпишала договор со модна агенција во Бризбејн, а потоа се преселила во Бразил.
Винсент Касел има две ќерки од првиот брак со колешката Моника Белучи, 14-годишната Леони и 20-годишната Дева Касел.
Tagged as:
Винсент Касел доби син со 30 години помлада манекенка
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
