Топ Вести - Слушај сега
Во Виетнам е откриена голема измама во производството на кафе.Полицијата заплени 4,1 тон мелено кафе кое, наместо чисти зрна, содржело соја и вештачки ароми.
Оваа измама би можела да ги загрижи љубителите на кафе и даги поттикне инспекциите на земјите низ целиот свет бидејќи Виетнам е најголемиот светски производител на кафето робуста, кое има горчлив вкус и главно се користи во инстант кафе.
Виетнамската полиција започна кривична истрага по рацијата во покраината Лам Донг.
Сопственикот на производствениот погон, Луонг Виет Кием, признал во полицијата дека неговата компанија мешала соја и ароми со зрна кафе за да произведе мелено кафе за локалниот пазар.
Полицијата објави дека рацијата е извршена по претрес на камион кој превезувал 1.056 вреќи мелено кафе, без придружна документација.
Во Виетнам, зрната кафе се продаваат за 3,86 долари за килограм, што е околу три пати повеќе од цената на сојата.
Виетнам минатата година извезе 1,6 милиони тони кафе во вредност од 8,9 милијарди долари, што претставува зголемување од 18,3% во обем и 58,8% во вредност, според податоците на царината на Виетнам.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
