Топ Вести - Слушај сега
Претседателот на ССМ побара МВР, министерот Тошковски и Обвинителството веднаш да преземат мерки против пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, која, како што рече, „му ги објавила малолетните деца за да може сите да ги оцрнуваат и на таков начин да го уценуваат“. Побара од претседателот на Собранието, Гаши, да поведе постапка за одземање на пратеничкиот имунитет на Стојаноска.
Изрази благодарност до инспекторите во МВР, кои во текот на вчерашниот ден ги презеле сите мерки за кривичен прогон и ги обезбедиле сите потребни докази. – Поставувам прашање до министерот за внатрешни работи: дали службите го следат претседателот на ССМ и дали му ги снимаат децата на претседателот на ССМ. Дали се поединци и ако се поединци, веднаш да ги уапсат. Јавниот обвинител веднаш да покаже дека правдата е еднаква за сите и дека сите ќе ги стигне – рече Трендафилов. Додаде дека објавувањето малолетни деца е злоупотреба и не е дозволено никаде во светот. Најави дека за овој случај ќе ги извести сите амбасади, Делегацијата на ЕУ, братските синдикати на Меѓународната и на Европската конфедерација на синдикатите и Меѓународната организација на трудот (МОТ).
На изјавата на Трендафилов реагираше ВМРО-ДПМНЕ.
– Фијаското на протестите на ССМ и Трендафилов пред Собранието, како и обелоденување на партиската позадина која стои зад протестите, се причина за огромната нервоза на Слободан Трендафилов, кој сака да се претстави како жртва на политички прогон. Трендафилов користејќи ја ситуацијата на жртва, призна дека има 57.000 денари плата, како и дека користи службено возило. Човекот кој лицемерно се „бори“ за зголемување на минималната плата за 200 евра и останатите плати за 100 евра, призна дека зема околу 1000 евра плата, или 2,5 минимални плати, а нашите сознанија говорат и дека добива дополнителни финансиски средства во форма на бонуси и додатоци. Доколку Трендафилов смета дека му е загрозена приватноста, нека пријави во надлежните институции. Дополнително, го советуваме Трендафилов, помалку да ги слуша советите од Филипче, а повеќе да се интересира за интересите на работниците, се вели во реакцијата на партијата чија пратеничка е Стојаноска.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
