Интерната ревизија на американското Министерство за правда и ФБИ не пронајде докази дека починатиот финансиер Џефри Епштајн имал „список на клиенти“, влијателни лица кои наводно ги уценувал или со кои соработувал во злоупотреба на жени.
Извештајот содржи и неколку часа видеоснимки од затворот, кои потврдуваат дека Епштајн се самоубил во затворот во Менхетен во 2019 година.
Во документот се наведува и оти не се очекуваат обвиненија против други лица поврзани со случајот Епштајн бидејќи „истражителите не пронашле докази кои би оправдале отпочнување истрага против неименувани трети лица“.
Американската министерка за правда Пам Бонди вети дека ќе ги објави документите поврзани со случајот Епштајн, а поради доцнењето се зголемија шпекулациите дека Владата ги крие доказите, посебно т.н. „список на клиенти“, за да ги заштити моќните бизнисмени и политичари.
Епштајн изврши самоубиство во затвор во 2019 година, каде што чекаше судење по обвинение за трговија со луѓе за сексуална експлоатација. Претходно, во 2008 година, тој беше осуден за поттикнување на проституција на малолетно лице. Неговата поранешна девојка Гислен Максвел беше осудена на 20 години затвор во САД за нејзината улога во трговијата со луѓе и нивна злоупотреба.
Tagged as:
Видео од затвор потврдува дека сексуалниот предатор навистина се самоубил
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
