Велика Британија денеска вети дека ќе ѝ испорача 100.000 дронови на Украина до крајот на тековната фискална година, април 2026 година.
Ова претставува десеткратно зголемување во однос на претходните години, откако беше истакнато дека беспилотните летала го промениле начинот на војување.
Владата во Лондон ја поддржа независно подготвената Стратешка одбранбена ревизија, која повикува на посилна, технолошки понапредна војска за да се одговори на новите закани, вклучувајќи ја и можната руска агресија.
Пакетот дронови е вреден 416 милиони евра и е дел од поширока програма за воена помош на Украина во износ од 5,4 милијарди евра.
Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, ќе ја најави оваа одлука на состанокот на Контактната група за одбрана на Украина во Брисел, на кој ќе учествуваат претставници од 50 земји и заедно го организираат Велика Британија и Германија.
– Велика Британија ја засилува својата поддршка за Украина со испорака на стотици илјади дополнителни дронови годинава и со завршување на важната испорака на клучна артилериска муниција – изјави Хили во пресрет на состанокот.
Освен испораката на дронови, Британија соопшти дека од јануари на Украина ѝ испорачала 140.000 артилериски гранати и годинава ќе одвои дополнителни 294 милиони евра за обука на украински војници.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
