Веќе подолго време медиумите во регионот пишуваат за врската на хрватската пејачка Јелена Розга и нејзиното момче Иван Хуљиќ, синот на хрватскиот композитор Тончи Хуљиќ.
Јелена и Ивана досега не се огласија за својата врска.
На доделувањето на наградите на „Вечерњи лист – Ружа“, 47-годишната Розга се појави со Иван.
– Ние ништо не криеме – рекла пејачката со насмевка на лицето, пренесува „Нет.хр“.
На нејзиното лице јасно се гледа дека е среќна и вљубена,.
Атрактивната пејачка воедно откри дека тајната на својот совршен изглед се должо на здравата исхрана.
– Јас сум внимателна, јас сум апсолутно внимателна. Здравата исхрана секако игра голема улога – истакнала пејачката која може да се пофали со совршена фигура.
Розга на манифестацијата блеснала во фустан со светки, а открила по нешто и за модата.
– Ја сакам модата, навистина. Но, најважна работа за мене е удобноста. Нема да стојам на сцената ако нешто е тесно или ако не можам да ја кревам раката, тоа навистина ме нервира. Не сакам да бидам во соблекувална, сакам да бидам на сцената и да уживам во гласот, песните и публиката. Удобноста е клучна за мене”, вели таа.