Вчера на Детската клиника во Скопје во 06:40 часот било донесено машко бебе старо само еден и пол месец, без знаци на живот. Лекарите веднаш се обиделе да интервенираат, но констатирале смрт, информираа денеска од СВР Скопје.
Мучајот бил веднаш пријавен во полиција, а по преземените дејствија и консултација со надлежен јавен обвинител, телото на новороденчето било предадено на обдукција со цел да се утврди точната причина за смртта.
Во овој момент, не се познати дополнителни информации за околностите под кои настапила смртта, ниту дали има сомнежи за насилна причина или евентуално здравствено нарушување. Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат сите потребни истражни мерки.