Папата Франциск сакал да биде во базилката Санта Марија Маџоре во Рим, а не во базиликата Свети Петар, каде што се погребани повеќе од неговите претходници, открива текстот на неговиот тестамент кој го објави Ватикан.
Франциск, чие тело во едноставен дрвен ковлег денеска, 22 април, ќе биде положено во Свети Петар, централната базилика во Ватикан, напишал дека сака да биде погребан „во земја, без посебни украси“, а над неговиот гроб треба да стои едноставна плоча со неговото папско име на латински јазик: Franciscus.
Ватикан штотуку потврди дека погребот на папата ќе се одржи во сабота во 10 часот по локално време, пренесе „Гардијан“. По литургијата, ковчегот ќе биде однесен во базиликата Свети Петар, а потоа во базиликата Санта Марија Маџоре на погреб, како што побара Франциск.
Според краткото соопштение, со погребната литургија на плоштадот Свети Петар ќе претседава кардиналот Џовани Батиста Ре, декан на Колеџот на кардинали.
На погребот е најавено присуството на повеќе јавни личности од светската сцена.
Папата во тестаментот навел дека договорил неименуван добротвор да ги покрие трошоците за неговиот погреб.
„Трошоците за подготовка на погребот ќе бидат покриени од износот што го обезбеди добротвор, а за кој договорив да биде префрлен во базиликата Санта Марија Маџоре“, стои во тестаментот.
Следува целиот текст на тестаментот на Папата:
„Бидејќи чувствувам дека се приближува самракот на мојот земски живот и со цврста надеж во вечниот живот, сакам да ги изнесам моите последни желби исклучиво во поглед на местото на мојот погреб.
За време на целиот мој живот, како и за време на мојата свештеничка и бискупска служба, секогаш сум се доверувал на Мајката на Господарот наш, Блажената Дева Марија. Затоа молам моите посмртни останки да почиваат – исчекувајќи го денот на Воскресението – во Папската базилика Санта Марија Маџоре.“
Сакам моето последно земско патување да заврши токму во ова древно маријанско светилиште, каде што секогаш доаѓав да се молам на почетокот и на крајот на секое апостолско патување, доверливо доверувајќи ги моите намери на Безгрешната Мајка и заблагодарувајќи ѝ се за нејзината нежна и мајчинска грижа.
Молам мојот гроб да биде подготвен во гробна ниша во страничната лаѓа, меѓу Паулинската капела (капелата Salus Populi Romani) и Сфорцината капела во базиликата, како што е прикажано на приложениот план“.
Гробот треба да биде во земја; едноставен, без посебни украси, со натпис: Franciscus.
Трошокот за подготовка на погребот ќе биде покриен од износот што го обезбеди добротвор, а за кој договорив да биде префрлен во Папската базилика Санта Марија Маџоре. Ги дадов потребните упатства на кардиналот Роландас Макрицкас.
Нека Господ великодушно ги награди сите оние кои ме сакаа и кои продолжуваат да се молат за мене. Страдањето што го одбележа завршниот период од мојот живот го принесувам на Господ за мир во светот и за братство меѓу народите.“
Во историјата неколку папи биле погребани во капели во базиликата Санта Марија Маџоре, во периодот од 13 до 17 век.