Background

Вашингтон не прифаќа прекин на огнот без осуда и без разоружување на Хамас

САД блокираа нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН, со која се бара итен, безусловен и траен прекин на огнот во Газа меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, како и непречена дистрибуција на хуманитарна помош низ енклавата.

– Ставот на САД е јасен, не можеме да поддржиме никакви мерки доколку во нив нема осуда на Хамас и ако не биде повикан да се разоружа и да ја напушти Газа – изјави пред гласањето вршителката на должност американска амбасадорка во ОН, Дороти Шеа.

Оваа резолуција би го охрабрила Хамас и би ги поткопала дипломатските напори за постигнување прекин на огнот кој би ја зел предвид вистинската состојба на терен, додаде таа за документот предложен од 10 од вкупно 15 членки на Советот за безбедност.

- Advertisement -
Ad image

Останатите 14 земји гласаа за прифаќање на нацрт-резолуцијата, но како една од петте постојани членки на Советот, САД имаат право на вето.

Израел ги отфрли барањата за безусловен и траен прекин на огнот, наведувајќи дека Хамас не може да остане во Газа. По завршувањето на двомесечниот прекин на огнот во март годинава, повторно почна воена офанзива во палестинската енклава, барајќи ослободување на заложниците кои ги држи Хамас.

Пред гласањето во Советот за безбедност, шефот на ОН за хуманитарна помош, Том Флечер, уште еднаш апелираше хуманитарните организации да добијат дозвола да им делат пакети на жителите на Газа, истакнувајќи дека имаат план, залихи и искуство во слични ситуации.

– Укинете ги ограничувањата во однос на тоа што и колку помош можеме да донесеме. Обезбедете нашите конвои да не застануваат поради одложувања и одбивања – изјави Флечер.

ОН долго време го обвинува Израел дека ги попречува доставувањето и дистрибуцијата на хуманитарна помош во воената зона. Од друга страна, пак, Израел одговара дека Хамас краде пакети со хуманитарна помош, што групата го демантира.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation