Васев негира вина и тврди дека ја спасил Клиниката за онкологија од долгови

Lorita
By Lorita
5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Одбраната на поранешните медицински директор и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, тврди дека обвинението против нив за случајот Онкологија 2 за несовено работење и за финансиски криминал е неосновано и политички монтирано, а направено врз основа на економско вештачење од лица кои се исто инкриминирани. Одбраната наведе дека станува збор за претходните директори на Клиниката, кои биле сменети од Васев.

Првообвинетиот Никола Васев пред Судот рече дека не се чувствува виновен по обвинението, дека цел живот, 35 години, работа на Онкологија и целта секогаш му била да се спасат човечки животи.

– Јас сум директор од 2017 година и имам наследено реверс од директор што јас го имам сменето и кој е потписник на вештачењето против мене во овој случај, а второто економско вештачење е потпишано од втората економска директорка што е разрешена на мое барање поради финансиски злоупотреби. Во обвинението се одземени 6 месеци од мојот мандат, каде може да се види што точно сум наследил, и како е намален долгот од 35 милиони на 30 илјади. Сакам да се види како успеавме наследените долгови и недостигот на лекови да го решимве со земање наводни реверси, за тоа да ни се земе како наводно да сме направиле штета – изјави Васев.

Во врска со наводите од Обвинителството дека ФЗО бил доведен во заблуда, Васев рече дека треба да се види дека онколошките тендери ги правело Министерството за здравство, а Клиниката само ги плаќала, укажувајќи дека одложувањето на тендерот од пет месеци во 2020 значело недостиг на лекови и терапија за пациенти.

Бранителот на Васев, адвокат Мартин Митревски, рече дека во текот на постапката пред Судот ќе бидат приложени материјалната докази од кои ако се толкува и применува право, во ниту едно од преземените дејствија на обвинението не може да постојат и опстојат постоечките правни квалификации за кои се обвинети.

Нехат Нухи, пред судот рече дека се чувствувам невин и истото ќе го докаже во постапката.

– Мојата невиност ќе произлезе како од материјалните така и од вербалните докази, кои ги предлагаме и ќе ги изведеме, пред сè економското материјално вештачење, од кое на сите ќе им стане јасно колку пропусти има направено Обвинителството, зошто сите рокови ги пробија и нивните вештачења се неточни – рече Нухи.

Адвокатката Анита Бегова, бранителка на второобвинетиот Нухи, во воведниот говор рече дека се соочуваат со конфузно и нејасно обвинение, кое го оцени како политичко монтирано.

– Ова е монтирано политичко обвинение без докази. Денеска не сме тука да ја дознаеме вистината за недостигот на лекови, туку за двајца жртвени професионалци за прикривање на други одговорни на повисоко ниво – изјави Бегова.

- Advertisement -
Ad image

Бегова нагласи дека пред Судот одбраната ќе докаже дека набавката на лекови се одвивала во рамки на еден конфузен и често нефункционален и недоволно финансиран систем и дека постапувањето не било за обезбедување на личен интерес, туку за обезбедување на лекови без каква било кривична умисла.

Судот информираше дека одбраната денеска поднела писмено барање за изземање на вешто лице на Обвинителството.

Бегова пред Судот рече дека вештиот наод е направен од вешто лице што ја извршувало истата функција пред Нехат Нухи и е исто инкриминирано.

- Advertisement -
Ad image

Адвокатката реагираше и на наводите од Обвинителството, нагласувајќи дека државен орган не може да се стави и да се држи во заблуда, зашто тој е должен сите докази да ги спроведува и да врши контроли.

– Фондот вршел контроли во овој период контроли и никогаш не нашол ништо инкриминурачко – изјави Бегова.

Бегова, исто така, реагираше и на тоа дека второобвинетиот се товари дека му помагал на Васев за нанесување штета на Клиниката.

– Ако некому е штета, тогаш некому е корист. Обвинетите немаат корист, до десетто колено се испитани и немаат ништо најдено. А, замислете, направиле корист на веледрогериите со кои директно влегоа во фронт, посебно со веледрогериите „Пановски“, со цел да се намалат цените на лековите, за да со таков рестриктивен буџет имаат пациентите лекови – изјави Бегова.

Судењето продолжува на 16 септември со испитување на сведоци предложени од Обвинителството.

Share This Article