Испораките на оружје од САД за Украина преку Полска се обновени, јавија светските агенции, повикувајќи се на изјава на министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Сикорски.
По повеќе од 8 часа разговори меѓу украинските и американските претставници во Саудиска Арабија, Вашингтон се согласи да ги обнови воената помош и размената на разузнавачки информации со Киев.
– Го потврдувам тоа. Испораките на оружје преку Јашонка се вратија на претходните нивоа – истакна Сикорски.
Аеродромот во Јашонка, во југоисточна Полска, е главниот центар за испорака, преку кој се дистрибуира најголемиот дел од помошта за Украина.
Зборувајќи за новинарите заедно со украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибига, во Варшава, Сикорски рече дека Полска е задоволна од новите предлози за прекин на огнот во Украина.
Сибига од своја страна повтори дека Украина го поддржува и го прифаќа американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
