Вака роднината на Путин им се обрати на ранетите руски војници

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Заменичката на рускиот министер за одбрана Ана Цвилева, која е роднина на Владимир Путин, предизвика внимание со изјава во која ги пофали ранетите војници од војната во Украина, тврдејќи дека токму тие се заслужни за водечката улога на Русија во развојот на протези за екстремитети, објави Киев Пост.

Цвилева, именувана на функцијата и покрај критики за недостиг на искуство и блиски семејни врски со претседателот, зборуваше на панел-дискусија на Источниот економски форум.

Таа изјави дека инвазијата на Украина драматично го забрзала развојот во областа на протетиката.

Според неа, 11,5 милиони Руси со инвалидитет кои живееле во земјата пред инвазијата во 2022 година сега имаат подобар живот, делумно благодарение на војниците што ги изгубиле екстремитетите.

– Учесниците во „специјалната воена операција“, нашите ветерани, станаа двигатели преку кои државата почна многу активно да ги применува светските искуства и достигнувања, рече Цвилева. „Не е тајна дека 11,5 милиони лица со инвалидитет што живееја тука пред „СВО“ немаа можност да добијат потребна рехабилитација“, додаде таа.

Цвилева нагласи дека Русија сега има сеопфатна програма за протетика, која вклучува и обука на војници со ампутации за правилна употреба на протезите. Таа истакна дека порано војниците добивале протези без обука и „не разбирале како функционираат“, што според неа сега е надминато.

– Циклусот вклучува соодветна подготовка, протетика и обука како да се користи протезата. И не само користење, туку и максимална компензација на изгубената функција – рече таа.

На крај, Цвилева се пофали дека руската протетика не заостанува зад кинеската.

Во меѓувреме, Украина проценува дека вкупните руски воени загуби од почетокот на инвазијата, заклучно со 4 септември, достигнале 1.085.410 мртви и ранети. Иако точниот број на тешко повредени руски војници не е познат, независниот руски портал Медуза во ноември 2024 година објави дека првпат по 11 години е забележан раст на регистрациите на лица со инвалидитет.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article