Денеска наутро ќе биде ведро и многу студено, преку денот сончево. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Температурите ќе бидат во интервал од -12 до 10 степени.
Во Скопје, утрото ќе биде студено, преку денот сончево со слаб северозападен ветер. Температурите ќе бидат во интервал од -9 до 9 степени.
Во сабота ќе се задржи претежно сончево време, наутро студено со многу ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Од недела следува период на променливо облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините, а од понеделник ќе има услови за слаби локални врнежи претежно од дожд.