Background

В четврток ќе биде претставена Пролегомена за македонската фотографија

На 06 февруари (четврток) 2025 година, со почеток во 12.00 часот, во Културно-информативниот центар (Сала 1)
во Скопје, ќе се одржи промоција на четиритомниот проект Пролегомена за македонската фотографија од
Златко Теодосиевски, историчар на уметност, критичар и публицист.

Четиритомното издание Пролегомена за македонската фотографија е прв ваков проект кај нас посветен на
историскиот развој на македонската фотографија во периодот 1855-2020 година.

„Низ критичка евалуација на процесите и творештвото на бројни македонски фотографи, како и соодветни компаративни согледувања, авторот ги следи креативните раскрилувања на македонската фотографија кај нас и нејзиното макотрпно етаблирање во редот на визуелните уметности во Македонија“, се вели во најавата на настанот.

- Advertisement -
Ad image

Книга 1: Извори и согледби (2021) критички ги согледува досегашните извори и интерпретации на фотографијата

како медиум кај нас, па следствено и на македонската фотографија, како и некои теориски прашања сврзани со
природата на медиумот, дали фотографијата може да се третира (и) како уметност, што тоа значи во македонски
услови итн.;

Книга 2: Фотографијата во Македонија 1855-1945 го проследува историскиот развој и естетските
димензии на фотографијата во наведениот период низ творештвото на браќата Манаки, Ошавков,
Димкаровски, Бељан, Јолевски и други, потоа творештвото на Цветко Иванов, Благоја Дрнков, Ѓорѓи Попов, Лазо
Величковски итн.;

Книга 3: Фотографијата во Македонија 1945-1990 поопстојно се занимава со современата
македонска фотографија во наведениот период, вклучувајчи ја анализата на творештвото на бројни автори, меѓу
кои и доајените Живко Јаневски, Душко Јовановски, Александар Кондев, Александар Цветиновски, Мирза
Ченгиќ, Васил Боглев, Роберт Јаки и други;

Книга 4: Фотографијата во Македонија 1990-2020 го обработува развојот на македонската фотографија по осамостојувањето и појавата на новите генерации македонски фотографи, меѓу кои и творештвото на Боро Рудиќ, Цветан Гавровски, Раде Луковиќ, Кирил Штрков, Душан Доцевски, Зоран Здравев…, како и релативно помладите генерации автори како Јана Луловска, Сашо Алушевски, Осман Демири, Весна Каревска Пукиќ и други.

„Оттука, основната идеја на проектот беше/е, низ критички пристап, на едно место да ја синтетизира
досегашната историја на фотографијата во Македонија според сознанијата и видувањето на авторот. И ова е
прв таков посеопфатен обид кај нас. Притоа, проектот го наметнува и клучното прашање: ја стекна ли
фотографијата довербата на македонската историја на уметноста, на стручните кругови, на уметничките
институции?“, се вели во промотивното соопштение за настанот.

Проектот е финансиран од Министерството за култура како проект од национален интерес.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation