Утрово од 07.20 часот сообраќајот за тешки товарни возила на граничниот премин Блаце е пренасочен кај бензинската станица Дизел, соопшти Авто-мото сојузот.
Не се соопштени причините поради кои камионите се пренасочуваат.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.