Утрово има вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, 4 се под контрола и 28 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Актиевен е пожарот во општина Василево, во село Нивичино (нискостеблеста шума).
Во текот на вчерашниот ден и ноќта изгаснати се вкупно 28 пожари меѓу кои и пожарот во скопски Илинден, поточно во село Мршевци, во Индустриска зона Бунарџик, поради кој вчера беше затворен за сообраќај и автопатот Скопје-Куманово.
Изгаснати се пожарите и во Сарај, Гази Баба, Студеничани, Карпош, Ѓорче Петров, Петровец.
Под контрола се четири пожари и тоа во велешко кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, еден крак кон с. Иванковци, втор крак кон с. Крушје, во општина Дојран кај село Николиќ, градската депонија во Демир Хисар и во Македонски Брод селата Црешнево -Локвица -Крапа.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
