За големиот Христијански празник, Богојавление – Водици, кога огромен број христијани скокаат по светиот крст, но и се капат за здравје во водите на реките и езерата во нашата Македонија, времето ќе биде стабилно, суво и сончево.
Но, токму утрото кога свештеникот ќе го положи крстот во водата, метеоролозите предвидуваат дека времето ќе биде многу студено, односно ќе достигне температура до минус 9 степени Целзиусови.
Во Скопје исто така за овој голем христијански празник и тоа во пониските предели од котлината ќе растат условите за појава на магла и ниска облачност, особено изразена во ноќните и во утринските часови. На околните планините ќе биде претежно ведро и сончево, но и тивко.
Наутро температурите скоро насекаде ќе се спуштаат под нулата, што значи утрото ќе биде многу студено со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од минус 9 до 1 степен, додека максималните дневни температури за Водици ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушти до околу минус 5 степени, додека максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.