Утрото ќе биде ведро и постудено, а преку денот времето ќе биде сончево и релативно топло. Температура ќе се спушти до -4 степени, а максималната ќе достигне 19 степени.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје наутро ќе биде студено, а преку денот ќе биде релативно топло со слаб северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 18-от степен.
Ќе продолжи периодот на претежно сончево и се потопло време со пониски утрински температури.
Дневните температури ќе бидат во пораст и значително повисоки на крајот од работната недела кога наместа ќе надминуваат 20 степени.