Утрото ќе биде ведро и постудено, а преку денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.
Во Скопје денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Продолжува периодот на релативно топло време за овој период од годината. До вторник ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник кон крајот на денот и во среда ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен јужен ветер.