Времето утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно, претежно сончево и топло. Ќе дува умерен, во сабота наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.