Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните североисточни делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во интервалот од 5 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурите ќе бидат во интервал од 10 до 26 степени.
В четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. В петок ќе има услови за локален слаб дожд и ќе дува засилен северен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневните температури, особено од недела.