Времето утре ќе биде претежно сончево и многу топло, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Топлиот бран продолжува.
Се очекува максимална температура на воздухот од 42 степени Целзиусови во Гевгелија, Демир Капија, Велес и во Скопје.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе изнесува 21, а дневната ќе се искачи до 42 степени.

Во петок и во сабота ќе биде уште потопло. Ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност. Температурата во некои градови ќе достигне и 43 степени.
Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а температурата ќе биде во опаѓање.

Денеска највисока температура од 42 степени е измерена во Гевгелија, 41 во Велес, а 40 во Скопје, Демир Капија и во Струмица. Најсвежо е на Попова Шапка со 24 степени.