Деновиве успешно беше реализиран проектот “Безбеден раст и развој на децата во општина Дебрца”
Проектот го реализираше Кинезио Охрид,студио за пилатес вежби, корективна гимнастика за деца и професионални масажи, кое го аплицираше проектот и истиот беше одобрен од советот на општината и инкорпориран во Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година.
Со проектот беа предвидени контролни прегледи на сите ученици од ООУ “Дебрца” Белчишта.
Во контролите се проверуваа неколку потенцијални проблеми,односно деформитети кај учениците како што се кифоза,сколиоза,лумбална лордоза,вратна лордоза,лошо држење на телото,мускулен дисбаланс,скратена мускулатура и рамно стапало.
Прегледани се вкупно 162 ученици. Од сите ученици 68 деца беа апсолутно без никаков проблем и никаква пречка во нивниот раст и развој, а околу 58 проценти од децата имаат некаков проблем, врз кој што треба да посвети внимание и да се искорегира навреме.
Важно е да се напомене дека голем дел од децата имаат мускулен проблем од тип скратена мускулатура или мускулна асиметрија, кој што многу лесно и едноставно се корегира. Само околу 20 проценти од децата имаат посериозни проблеми на рбетниот столб од тип сколиоза, кифоза, вратна или лумбална лордоза.
Процентот на деформитети воопшто не е загрижувачки и од година во година сите заедно ќе треба да се потрудиме да биде помал, за децата да имаат детство без проблеми и да израснат правилно, без никакви пречки и телесни деформитети.
Сите деца кои што имаат некаков проблем со нивниот раст и развој , секогаш имаат целосно бесплатни насоки и совети во Студио Кинезио за решавање на истиот тој проблем.
Средствата за имплементација на проектот се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
Општина Дебрца и во иднина ќе го поддржува спроведувањето на систематски прегледи за рано откривање на деформитети на мускулно скелетниот систем кај децата,со цел нивно навремено превенирање и обезбедување безбеден раст и здрав живот на најмладите.