Уште една серија бизарни фотографии на сопругата на Канје Вест го привлекоа вниманието на јавноста…
Контроверзниот пар Канје Вест и Бјанка Ценсори веќе долго време ја шокираат јавноста со својот вулгарен начин на облекување, но и со својот однос кон обичниот свет.
Тие го „пренесоа“ своето несоодветно однесување на социјалните мрежи, а сега често можеме да ги видиме бизарните фотографии на Бјанка кои не трпат цензура.
Така беше и овој пат кога Бјанка објави серија голи фотографии.
Нејзините провокативни пози на подот оставија многумина без зборови, а од описот на фотографиите дознавме дека нејзиниот контроверзен сопруг, американскиот рапер и дизајнер Канје Вест бил зад камерата.
Јавноста, секако, беше шокирана и веднаш коментираше за оваа глетка.
„Кутра девојка“, „Дали е навистина среќна“, „Жено, те молам побарајте помош“, се само дел од коментарите…
Изгледа дека овој пат претерале со фотосесијата за социјалните мрежи…