Background

Урнат дел сѐ уште виси над главите на минувачите во Белград

Драматичен инцидент го потресе центарот на Белград, каде во текот на ноќта се урна таванот на натстрешница пред продавница за парфеми. Според изјавите на очевидци, во текот на денот сè изгледало стабилно, но утрово граѓаните ги пречекала глетка на распаднат таван и делови што висат над главите на минувачите.

Жена која работи во продавницата за парфеми изјавила за српската телевизија Н1 дека пред да замине од работа вечерта, ништо не укажувало на можно оштетување.

– Сè беше во ред до крајот на работното време. Утрово не можев да поверувам кога видов што се случило – изјавила таа.

- Advertisement -
Ad image

Сцената на местото е вознемирувачка, делови од таванот се распрскани по шеталиштето, додека дел од оштетената настрешница и понатаму виси опасно над тротоарот. Како мерка на претпазливост, надлежните поставија црвени ленти со натпис „внимание, опасност“, со што овој дел од улицата е целосно затворен за движење на пешаците.

Локалните власти не даваат детали за причините за падот, но предупредуваат граѓаните да бидат внимателни при движење низ стари делови на градот, особено кај згради со дотраени фасади.

Се очекува тимови за градба и инспекција наскоро да ја проценат безбедноста на објектот и да отпочнат со отстранување на преостанатите опасни делови. Граѓаните, пак, апелираат до општинските служби за поголема контрола и санација на старите објекти низ Белград, пред да се случи некоја посериозна трагедија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation