Инспекциските служби и Одделението за следење на измами со храна при Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во координирана соработка со Царинската управа, во текот на минатата недела успешно спречил обид за нелегален увоз на две пратки со неозначени јајца од Република Србија.
Врз основа на оперативни сознанија и повеќемесечно професионално следење на активностите на домашни увозници и извозници со јајца, на граничниот премин Табановце била спроведена акција во која при детална контрола откриени се над 572.000 необележани свежи јајца, скриени зад првите палети со уредно декларирана стока.
Во едната пратка пронајдени се 270.000, а во другата 302.400 необележани јајца. Според сознанијата на АХВ, овие производи требало дополнително да се обележат и лажно да се пласираат како македонски, со што директно се загрозува и угледот и конкурентноста на домашното производство.
Благодарение на брзата, стручна и одлучна реакција на АХВ, спречена е сериозна измама и потенцијален ризик за потрошувачите. Вкупната количина од 40 тони и 410 килограми јајца е прогласена за небезбедна и е нештетно уништена на депонијата Дрисла.
За вклучените субјекти во овој случај ќе бидат изречени соодветни мерки, а ќе следуваат и дополнителни проверки на нивното досегашно работење.
Tagged as:
УНИШТЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 40 ТОНИ ЈАЈЦА ОД СРБИЈА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
