Уникатната традиција за Водици привлекува сè повеќе верници и туристи

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Околу 180 учесници од Прилеп, Битола, Велес и Скопје на возарст од 5 до 80 години беа дел од уникатното одбележување на големиот христијански празник Богојавление Водици на Плетварското Езеро кај Прилеп.

По петти пат спортисти ентузијасти го организираа осветувањето на водата во замрзнатото езеро. Целта на манифестацијата која станува традиционална е изворно зачувување на традиците од пред повеќе векови.

– Овој настан го започнавме осуммина спортисти – ентузијасти од Прилеп уште кога беше пандемијата. Сакавме традицијата да не се прекинува и да биде онака како кога Исус Христос влегол во осветените води на реката Јордан и бил крстен од Јован Крстител. Најмладиот учесник оваа година има 5 години, а највозрасниот речиси 80 – вели Дарко Неданоски, спортист од Прилеп.

Се пријавија, не само од Прилеп, туку и од Битола, од Велес и од Скопје, додава тој.

– Имаме и многу посетители, околу 800. Езерцето е замзрнато, ама ние го оформивме крстот и влеговме во осветените води. Езерото е на надморска височина од речиси 1.000 метри – рече Неданоски.

На настанот се делеа топли напитоци.

Настанот имаше хуманитарен карактер, се донираше за лекување во странство на петгодишно девојче.

„За многу години еден од најголемите христијански празници Богојавление – Водици
Честитки на сите кои го фатија светиот крст и на сите кои се фрлија по него во осветените води во Прилеп и во Македонија. Голема честитка за малата Јана Божиноска… верата се практикува и ќе се практикува секогаш, а традиција ќе се негува и во иднина, за што зборува оваа фотографија“, напиша на Фејсбук заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Share This Article